Магијата на расчистувањето

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082308203

Година на издавање: 2021

Димензии: 21 см

Корица: softcover

На залиха
As low as 270  ден. Regular Price 320  ден.  -50  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Замислете си да живеете во простор облагороден само со оние работи што му се блиски на вашето срце. Зар тоа не е животниот стил за кој сонувате? Лесно е, штом еднаш ќе научите како да го средите својот дом.

 

Ви се случило ли да чистите како опседнати, а на крај вашиот дом или работен простор да бидат повторно затрупани?

Јапонската експертка за расчистување Мари Кондо, со нејзините инспиративни методи што го освоија светот, зборува за расчистувањето на едно поинакво ниво. Таа ќе ви покаже дека ако го смените пристапот, расчистувањето може да има неизмерен ефект, не само врз просторот туку и врз целиот ваш живот. Ако расчистите еднаш и темелно според нејзините радикални принципи, домот ќе ви остане во совршен ред. Заедно со тоа, ќе забележите дека самодовербата, енергијата и мотивацијата ви растат помагајќи ви да ги остварите своите соништа.

Методот на Мари Кондо се заснова врз правилото дека она што еднаш е темелно расчистено, веќе никогаш нема да западне во безредие. Ако мислите дека тоа е невозможно, тогаш сигурно треба да ја прочитате оваа извонредна книга.

 

 

„Една од највлијателните книги на деценијата.“

Си-ен-ен

„Оваа книга ќе го направи она што ви го кажува самиот наслов: ќе ви го промени животот.“

Пипл

marie-kondo

Мари Кондо

Мари Кондо (1984), попозната по својот прекар Конмари (од почетните букви на нејзиното име и презиме), е јапонска авторка, експертка и советничка за расчистување која секојдневно им помага на луѓето...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил