Осмица

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082309101

Број на страници: 184

Димензии: 20cm

Корица: hardcover

На залиха
As low as 280  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Мозаик од портрети на различни ликови, пишувани од женска или од детска перспектива, фатени во грч, во миг на преиспитување и соочување со сопствените мани и проблеми. Румена Бужаровска прави процеп на стварноста и од неа ги извлекува сите интимни драми на секојдневието.

Во новото издание на оваа збирка ќе се сретнете и со дел од нејзините рани раскази објавени во „Чкртки“. И тогаш и сега, со едноставен а богат јазичен стил, со проблеми од нашето општество а сепак универзални, Бужаровска мајсторски ги буди индивидуалците да се соочат со себе и да преземат одговорност за она што им се случува.

За да ги откорнеме негативните и дискриминаторски ставови, неправилните и неправедните навики, потребно е прво да се соочиме насамо со ликовите од овие раскази. Препознавајќи се во многу од нив, потоа со отворени очи и будна свест зачекоруваме кон новото утре.

„На читачката публика Румена Бужаровска ѝ е претставена како „новата надеж од Македонија“, како што потврдува оваа збирка раскази. Бужаровска пишува од јасна перспектива. Се запознаваме со неколку женски судбини, од кои некои се девојчиња, а други се млади, омажени жени. Линијата на женските судбини се заокружува со приказната за една старица. Најдоброто од Румена Бужаровска штотуку следува.“

Беким Сејрановиќ

rumena-buzharovska

Румена Бужаровска

Румена Бужаровска е родена во 1981 г. во Скопје. Предава американска литература на Филолошкиот факултет во Скопје и се занимава со книжевен превод. Авторка е на студија за хуморот во книжевноста За сме...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил