Планината си ти

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082308838

Година на издавање: 2022

Број на страници: 178

Димензии: 21cm

Корица: softcover

На залиха
As low as 252  ден. Regular Price 320  ден.  -68  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

За да го искачиме врвот не треба да ја совладаме планината, туку себеси.

Просветлувачка книга полна со моќни сознанија што нè поттикнува да ги искачиме сопствените планини ослободувајќи се од самосаботажата. Зошто и како се самосаботираме и како да престанеме да го правиме тоа за да си го подобриме животот?

Ние инстинктивно промената ја сфаќаме како можна закана. Затоа не е ни чудно што самите си градиме сопствени кафези и доброволно остануваме во нив, иако вратата не е заклучена. Но светлината ја наоѓаме дури тогаш кога сме подготвени да ја прифатиме темнината. Со извлекување клучен увид од нашите штетни навики, со градење емоционална интелигенција и подобро разбирање на нашите мозоци и тела, можеме да се ослободиме од минатите искуства и да дејствуваме со нашиот нависок потенцијал.

Планината си ти е повик за будење што влева надеж за надминување на сите пречки што ни стојат на патот кон себеостварувањето. Заборавете ги правилата за она на што ве учеле и свесно изберете нови уверувања за да создадете живот што длабоко го посакувате и го заслужувате.

„Врвен водич за сите кои се доволно храбри да се соочат со себе и да си ја повратат моќта.“

Џена Блек, меѓународен животен тренер

brianna-wiest

Бријана Вист

Бријана Вист (11.10.1992) е американска авторка, есеистка и поетеса. Препознатлива е по тоа што со своите книги, есеи и статии за свесноста, духовноста и емоционалната интелигенција им помага на луѓ...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил