Порив

Издавач: ПАБЛИШЕР

ISBN: 9786084892748

Година на издавање: 2022

Број на страници: 232

Димензии: 21 cm

Корица: softcover

На залиха
As low as 420  ден. Regular Price 500  ден.  -80  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Луѓето имаат внатрешен порив да бидат автономни, самоопределени и меѓусебно поврзани. А кога ќе го пронајдат тој порив во себе, постигнуваат повеќе и живеат побогати животи.

Што ги мотивира луѓето подобро да работат? Покачувањето на платата, бонусот или некој друг вид награда? Или, пак, казната ако поставената цел не се оствари? За жал, повеќето веруваат дека овој метод е најдобриот начин за мотивација.
Но експертот Даниел Х. Пинк убедливо го оспорува ваквиот пристап кон менаџментот. Тој изнесува издржани докази против него, засновани врз научни сознанија, и нуди радикално поинаков пристап согласно човековата природа и потребите на денешната економија.
Пинк открива каде се разидуваат науката и бизнисот и како тоа влијае врз секој аспект на животот. Преку досетливи и изненадувачки техники ни ги претставува трите елементи на вистинската мотивација – автономија, мајсторство и намера, и ни дава практични начини за нивна примена со цел да го смениме начинот на размислување, а со тоа и целиот живот. Луѓето постигнуваат најдобри резултати кога се мотивирани однатре, а не однадвор. Ова најдобро го потврдуваат компаниите кои смело го воведуваат ваквиот модел за мотивација.

„Пинк во целиот свет веќе има статус на гуру... Тој е беспрекорен писател кој предизвикува.“
Фајненшел тајмс

„Овие се лекции што треба да се повторуваат. Колку повеќе компании се осмелуваат да ги следат советите на Пинк, толку подобро.“
Волстрит џурнал

daniel-h-pink

Даниел Х. Пинк

Даниел Х. Пинк е современ американски автор, новинар, предавач и консултант. Има објавено седум провокативни книги за мотивацијата, современиот бизнис, креативноста и однесувањето, од кои четири се про...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил