Асистола

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082307183

Година на издавање: 2020

На залиха
As low as 300  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Од авторката на Белешките на Лајла Грејс и Карма

Никогаш не мислев дека враќањето е толку тешко. Секогаш мислев дека е тешко да направиш чекор напред, а не чекор назад.

Има моменти кога животот нѐ носи на крстопат, кога мораме да се одлучиме за правецот по кој ќе тргнеме. Има ли таков пат што би нѐ ослободил од товарот на минатото за да можеме со леснотија да ја прегрнеме иднината?

По доживеаната лична трагедија, младата докторка Лена решава да го напушти својот живот во Виена и да се врати во родниот град. Растргната е меѓу напорните болнички смени, редовните средби со психотерапевтот, задржување на пријателството... и забранетите чувства што ненадејно ја обземаат кон Гаврил, познат и шармантен хирург, кои можат да ѝ ја уништат целата кариера. Обидувајќи се да најде излез од емотивниот лавиринт, токму кога ќе реши да ги распакува големите куфери од Виена, животот ѝ носи нов пресврт.

Драматичен и полн со чувства, возбудлив од почеток до крај, романот Асистола нè носи таму каде што се води борбата за човековиот живот, но и за љубовта, борба за работите што ни даваат смисла и го тераат нашето срце да чука уште посилно.

marija-janevska

Марија Јаневска

Марија Јаневска (родена на 29 август 1992 во Скопје), фармацевт по професија, е македонски блогерист, колумнист и автор на кратки текстови и новели. На јавната книжевна сцена излегува во летото 2012...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил