Сакам, значи постојам

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082306766

Година на издавање: 2019

Нема на залиха

Краток опис

САКАМ во себе содржи цел еден друг свет на МОЖАМ! Тоа e оној внатрешен импулс на проактивност за подобрата ЈАС, подобар живот, подобар свет.

Се движам по тркалото на животот... Застанувам само пред сопките на љубовта, болката, слободата, емпатијата, родителството, дискриминацијата, егото и интегритетот. Сепак... се движам бунтовно и храбро кон неправдата во светот, сиромаштијата на духот, човековите судбини и човековите права, женската слобода, консумеризмот, технолошкото ропство, културата на шопинг-центри, проституцијата на уметноста, но и проституцијата на духот. И така, качена на велосипедот на животот, го барам ѕвончето со кое ќе свирнам за ПРОМЕНА! Некогаш тивко, некогаш гласно, но секогаш со верба дека овој комплициран свет може да се спаси со добрина и љубов.

По трнливиот пат на мудроста, не знам дали успеав да ги „фатам“ состојбите на невралгичните премрежја на нашето време и на нашите души, но се обидов. Она што ми беше неочекувано во целиот процес е што сфатив дека да се биде набљудувач на најчовечкото во себе е уште потешко отколку да се биде набљудувач на времето и светот.

САКАМ, ЗНАЧИ ПОСТОЈАМ е духовно патување од и кон себеси. Качи се на тркалото на животот!

ana-jovkovska

Ана Јовковска

Ана Јовковска е новинарка, колумнистка, ТВ-водителка, специјалист за односи со јавност и промоција, тренер за комуникациски вештинии личен и професионален развој, активистка и хуманистка. Авторка и ...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил