Пред црковните порти

Издавач: ПАБЛИШЕР

ISBN: 9786084892908

Број на страници: 106

Димензии: 20cm

Корица: softcover

На залиха
As low as 250  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Не прашувајте за празнините, сѐ е во нив. Јас ја изнесувам само суштината на радоста и на страдањето.

Меѓу кориците на оваа книга на Брсјак, десетта по ред, треперат дваесет приказни на границата меѓу доброто и злото, сонот и реалноста, стварноста и илузијата, можното и неможното, реалното и посакуваното.

Насловниот расказ, во духот на нашата најдобра книжевна традиција, пред петнаесет години ја освои првата награда на конкурсот за расказ „Живко Чинго“. Според членовите на жирито В. Андоновски, К. Николовска и С. Ѓорѓо Димоски, тој е „маестрален, суптилен и невидлив дијалог со ‘нервот’ на расказите од Чинго, оти авторот е нов, незнаен внук или негов потомок. Потомок не само по дискурс, по писмо, туку и по здив. ‘Пред црковните порти’ блесна со растајнувањето на една невидлива болест преку потресна, внатрешна историја на болката. Оти сфаќаме дека другите болести се само деца на таа праболест... Победата над ѕверот во себе, како врвна победа над сите можни болести, потресно нѐ потсетува и освестува дека несетeно сме станале несвесни зависници. И тоа, замислете: зависници од хаосот! Потчинети на своите зависности и поразени од самите себеси...“

Корица: Драган Спасески-Охридски. Распетие на љубовта, 1998. Масло на платно 220 х 200 см

smile-naumoski-brsjak

Смиле Наумоски - Брсјак

Смиле Наумоски-Брсјак е поет, раскажувач, есеист. Роден е во 1951 година, во с. Годивје, Охридско, а од 1958 година живее во Охрид. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Член е на Друштвото на писат...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил