Зоостории

Издавач: БЕГЕМОТ

ISBN: 9786084869214

Број на страници: 213

Димензии: 185×110

Корица: softcover

На залиха
As low as 250  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Пред нас е прозна книга составена од вкупно 77 раскази, поделени во 11 циклуси, секој изграден од по 7 прози. Зоосторија во ова дело на Мартиновски е именување на поетичка припадност кон едно универзално, наместа сосем духовно набљудување и регистрирање на сиот жив свет, оној на инсектите, на животинките, на ѕверовите, на билките, на природата, на пејзажите, на феномените, зад кои стои еден, така да се каже, спинозијански (пан)натурализам, во чие средиште, секако, стои човекот. Мартиновски умее да ги бележи и креативно да ги обработува своите суптилни и многустрани опсервации на процесот што го нарекуваме – живот на сите нешта, пред сè на човекот меѓу нив.

Поетичкиот свет на Мартиновски е лиричен, нежен, сочувствен, филантропски и филозофски. Неговиот дискурс е разнороден: во него се мешаат хаикуа и хаибуни среде или како поенти во неговиот прозен дискурс. Еднаш е раскажувачки, прозаистички екстензивен, другпат анегдотичен, третпат афористичен, често склон на стихување (римување) во проза, онака како што го влече чувството.

vladimir-martinovski

Владимир Мартиновски

Владимир Мартиновски (Скопје, 1974) e поет, раскажувач, есеист, теоретичар, книжевен преведувач. Работи како редовен професор по предметот Компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна к...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил