Огледи за љубовта

Издавач: Издавачки центар ТРИ

Година на издавање: 2014

Димензии: 125/195

На залиха
As low as 240  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

На „судбинскиот“ лет Париз-Лондон раскажувачот се запознава со својата шармантна сопатничка Клои и додека да пристигнат до подвижната лента за подигнување на багажот – тој веќе е вљубен во неа. Оттука почнуваме да го следиме заплетот на нивната љубовна приказна – од почетниот делириум на привлечноста до длабочините на суицидниот очај „терористичките“ тактики кон кои прибегнуваат љубовниците кога саканиот ќе почне да се оддалечува од нив до поуките за љубовта.

Брилијантен роман на Алан де Ботон, еден од најчитаните современи писатели-филозофи. Проткаен со длабоки размисли на многу познати филозофи и уметници и зачинет со ироничен хумор и духовити дијаграми, Огледи за љубовта во име на сите нас ги преиспитува занесот и болката на љубовта и се заокружува со необично оптимистичен крај.

Духовито, забавно и софистицирано, Огледи за љубовта е задолжително четиво и за среќно вљубените, и за разочараните, и за оние што трагаат по љубов.

alain-de-botton

Алан де Ботон

Алан де Ботон е писател, филозоф, телевизиски водител и претприемач што живее во Лондон. Роден е во Цирих, во 1969 година, во швајцарско-британско семејство со сефардско потекло. Учел во училиштето ...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил