Сè поради еден допир

Издавач: БАТА ПРЕС

ISBN: 9786082531731

Година на издавање: 2022

Број на страници: 368

Димензии: 140×205

Корица: softcover

На залиха
As low as 430  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Во Лондон сите се согласуваат дека Бајронови е „лудо, лошо и опасно да ги познаваш“. Лордот Џек Бајрон е соочен со „проб­лем“ што е скандалозен дури и за него самиот. Треба да се ожени со дваесет и петгодишна „стара мома“ од средниот слој бидејќи нејзиниот татко, богат трговец, го има во раце поради коцкарски долг. Прекрасниот маж и непоправлив женкар, лордот Џек Бајрон, мора да го исполни неговото барање и да се венча со Грејс, ама притоа треба да ја убеди дека тоа го прави од љубов. За влез на неговата ќерка во светот на лондонските аристократи таткото е подготвен да даде голем мираз и ветува простување на коцкарскиот долг… За среќа, Грејс не е ни грда, ни беспомошна госпоѓица. Кога првпат ќе се сретнат во една лондонска книжарница, Џек е запрепастен од нејзината сензуалност и затоа решава да ја одведе и во кревет и на венчавка. Постојано ја заведува со своите допири, љубовни предигри и секс, ама не претпоставува уште што сѐ ќе треба да стори и жртвува за да го освои и нејзиното срце.

„Дарбата на Трејси Ен Вoрен за создавање на многу секси, трогателни љубовни стории ќе ги воодушеви читателите.“

– Romantic Times Book Reviews

„Ги надминува повеќето класични и современи романси што сум ги прочитала. Заразна. Книгава не ја испуштив од рака.“

− Џеклин Ц., Eclectic Book

trejsi-en-voren

Трејси Ен Ворен

Трејси Ен Ворен е современа американска писателка на историски љубовни стории. За своите романи добила бројни награди и признанија, меѓу кои и наградата РИТА. Живее во Мериленд, САД....

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил