Темјанушки во март

Издавач: САКАМ КНИГИ

Димензии: 21cm

Корица: softcover

На залиха
As low as 400  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Во дваесеттите години, Емили Вилсон е на врвот на светот: таа е авторка на Њујорк Тајмс бестселер, има сопруг што изгледа како изваден од некоја насловна страница и сигурна е дека ја очекува само среќа до крајот на животот.

Десет години подоцна, кругот се врти и нејзината среќа пука како меурче од сапуница. Таа нема идеи за нови книги, сопругот ја остава и целосно се распаѓа, но без да пушти солза. Па кога нејзината тетка Би ја кани да го помине месецот март на преубавиот остров Беинбриџ, Емили прифаќа, надевајќи се дека океанот ќе ја исцели. Кога почнува да истражува за нова книга, Емили наоѓа еден црвен кадифен дневник од 1943 година и се сепнува кога сфаќа дека дел од работите во него се поврзани со нејзиниот живот. Воодушевена од љубовната приказна во дневникот, не може да престане да го чита и да мисли на лудо вљубениот пар од неговите страници.

Делумно мистерија, делумно љубовна приказна – Темјанушки во март е книга што се чита во еден здив.

sarah-jio

Сара Џио

Сара Џио е автор на 8 бестселери според Њујорк Тајмс и USA Today. Таа воедно е новинарка која има пишувано за Glamour, The New York Times, Redbook, O: The Oprah Magazine. Живее во Сиетл со трите мали с...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил