Љубовни неврони

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082309231

Број на страници: 344

Димензии: 21cm

Корица: softcover

На залиха
As low as 500  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Што би направила Марија Кири ако…

Би Кенигсвасер живее според едноставен принцип: што би направила Марија Кири? Ако НАСА би ѝ понудила водечка улога во значаен невронаучен проект – што е буквално остварување на сонот – Марија би го прифатила без двоумење. Но мајката на модерната физика никогаш не морала да работи со Ливај Ворд.

Зашто Ливај, високиот и мрачен тип со продорен поглед, многу јасно ѝ дал до знаење на постдипломските студии – дека му е одбивна. Сега двајцата заколнати непријатели треба заедно да направат астронаутски шлем. Кога опремата ѝ доцни, новите колеги ја игнорираат и на секој чекор наидува на сопки, се случува невозможното – Ливај ги поддржува нејзините идеи и ѝ станува сојузник. А помислата дека навистина му се допаѓа – ги активира сите нејзини неврони.

Меѓутоа кога ќе мора да ја стави на коцка не само својата стручност туку и срцето, важно е само едно прашање: Што би направила Би Кенигсвасер?

„Али Хејзелвуд е совршена авторка која ни докажа дека науката може да биде и ептен секси, а љубовта може да се појави дури и на најнеочекувани места.“

Џоди Пико

ali-hazelwood

Али Хејзелвуд

Али Хејзелвуд е авторка со повеќе објавени трудови – за жал, рецензирани статии за науката за мозокот, во кои никој не се бакну- ва и не е среќен до крајот на животот. По потекло од Италија, живеел...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил