Марсовските хроники

Издавач: КСЦ

ISBN: 9786082051543

На залиха
As low as 350  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Според познавачите на книжевниот опус на Реј Бредбери, романот „Фаренхајт 451“ (објавен во 1953 година) е неговото најзначајно дело но, сепак, повеќе од половина век токму „Марсовските хроники“ континуирано предизвикуваат несмален интерес кај читателската публика и тоа во светски рамки. Уште по појавата на „Марсовските хроники“ во 1950 година за Реј Бредбери било кажано дека пишува исто како што импресионистот Клод Моне умеел да слика. Згора на тоа, највпечатлив е неговиот придонес за внесување на дотогаш неприменет поетски материјал во градењето на архитектурата на прозниот исказ. Клифтон Фадиман подвлекува дека „овој многу талентиран млад писател е моралист што најлесно работи во медиумот познат како фантазија, исто како што Банјан или Шо, ако можеме да се повикаме на големи примери, биле моралисти што работеле во медиумот на алегоријата или на драмата“. Вистинските вљубеници на СФ-литературата во светот со децении се насладуваат на делата на Реј Бредбери. Дека и нашите читатели не се заобиколени потврдува податокот дека по „Марсовските хроники“ (1990) на македонски јазик се објавени уште и изборот раскази„ Лек против меланхолија“ (1994) и романот „Фаренхајт 451“ (2006), а со најновиот превод на Бредбериевите „Марсовски хроники“ уште еднаш им се овозможува вистинско уживање.

ray-bradbury

Реј Бредбери

Реј Бредбери (1920–2012) е американски раскажувач, романсиер, сценарист, есеист и поет, автор на над 50 книги од најразлични жанрови, од научна фантастика до мистерија. Во 2009 г. ќе рече за себе: „...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил