Маџун

Издавач: ИЛИ-ИЛИ

ISBN: 9786082611136

На залиха
As low as 480  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

„Користејќи различни средства и на поинаков начин, Урошевиќ во Маџун постигнува ефект што, во доживувањето на читателот, е сличен на оној во Продавницата со цимет од Бруно Шулц. Одеднаш, како да прозборуваат мртвите работи, како меѓу џагорот на луѓето да се препознава и џагорот на неживиот свет, а целиот универзум се вселува во душата и телото на едно момче. А во таа куќа, во таа човечка глава, како во приказната за Баш Челик, постои една врата што не смее да се отвори. Зад таа врата е она што не смее да се види, а не може да се избегне“.

Миљенко Јерговиќ

„Романот Маџун не е само роман за детството, туку е и роман на атмосфера, и роман со исклучително урбан сензибилитет, и роман сложувалка во духот на постмодернистичката парадигма, и роман загатка…“

Лидија Капушевска Дракулевска

„Романот Маџун, секако, може да се чита по аналогија и во компаративни односи со значајни дела од европската проза, почнувајќи, на пример, од првата книга на Лав Николаевич Толстој, во дадениот контекст со парадигматскиот наслов Детство, а потоа преку Ламаринениот барабан на Гинтер Грас до, на пример, Ужасот на празнината на нобеловецот Петер Хандке, и сосема природно, како по начинот на раскажување, така и по севкупната уметничка вредност, влегува во корпусот на дела на истата тема што ги претставуваше , во поголема или помала мера, прозата на одредени значајни јужнословенски автори, како и литературите на кои тие припаѓале“.

Михајло Пантиќ

vlada-uroshevikj

Влада Урошевиќ

Влада Урошевиќ — македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач.

Роден е во Скопје во 1934 година. Завршил Филозофски факултет во Ско...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил