Анатомија на бумбарот

Издавач: ПАБЛИШЕР

ISBN: 9786084892618

Година на издавање: 2021

Број на страници: 214

Димензии: 125/195

Корица: softcover

На залиха
As low as 250  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Секој човек во својата глава има два заробени волка, сиромаштијата ја има моќта од него да го извади едниот, додека работата не стигне до обата. А тогаш и добриот волк не е повеќе добар. Напротив, тоа е мигот кога со своето искуство се уверуваш дека целата таа ригидна поделба не е ништо поинакво од самата поделба меѓу луѓето.

Наративот во романот Анатомија на бумбарот е поврзан со една примамлива, куриозитетна, откачена, убаво и сочно раскажана приказна раслоена во делови кои во себе носат и гнев и пркос, од една, и хумор и гротеска од друга страна, и сериозност од една, и игра од друга страна, и индивидуалност и загриженост за општочовечкото, а во спрега со судбината на својата земја, и пред сѐ, разочарување кое и во најбуквална смисла експлодира во револт кој со себе ги носи политичарите и општествените моќници како „потрошен материјал“ со секогаш предвреме истечен рок на употреба…

Борбата е клучот, а потажна од смртта е само изгубената борба. Тоа е од едната до другата точка дејствувањето на мислата на бунтовниот човек; низ историјата не се ретки случаите кога најголемите идеалисти го земаат оружјето и се пресметуваат со тие структури и олицетворенија на обезвреднувањето кои само низ призмата на нивниот мисловен идеалистички систем

stefan-markovski

Стефан Марковски

Стефан Марковски (роден во Гевгелија, 01.12.1990) е современ македонски писател. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, а потоа и на Фил...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил