Единствен матичен број

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082309293

Година на издавање: 2023

Број на страници: 312

Димензии: 21cm

Корица: softcover

На залиха
As low as 350  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Постоиш ако имаш ЕМБГ.

Домот не треба да биде скривница, ниту засолниште. Ниту прибежиште, зашто во него не треба да си бегалец. Треба да си името, а не бројката. Не постои поголемо отфрлање од тоа да си гостин во сопствениот дом.

Доаѓа време во животот кога сè одеднаш ти се истура врз глава и те поплавува. Врските се распаѓаат, суштинските работи што останале закопани во долгогодишен молк се претвораат во рак… Мигови кога веќе не можеш да дишеш во тесниот стан, кога си толку осамен и отуѓен од луѓето кои треба да ти се блиски што едноставно мораш да заминеш некаде за да не се изгубиш самиот. Но каде да се замине тогаш, која пустелија да се фати за да може одново да се изгради светот во себе?

Освестувачки роман за нашиот свет што заборавивме да го сакаме. Трогателна приказна за обесчовечувањето на човештвото. Роман потрага по утопијата на идентитетот преку дистопијата на животот.

lidija-dimkovska

Лидија Димковска

Лидија Димковска (1971, Скопје) објавила седум поетски збирки, три романи, еден дневник и една збирка раскази, преведени на бројни јазици. Уредила и четири антологии. Ги добила наградата за дебитант...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил