Карпа на бесилките

Издавач: АНТОЛОГ

ISBN: 9786082435312

Број на страници: 336

Димензии: 13×20

Корица: softcover

На залиха
As low as 400  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Уште една воодушевувачка приказна за морбидното насилство и одмаздата.

На едно мрачно вулканско поле во околината на Рејкјавик се наоѓа Карпата на бесилките. Тоа порано било место на кое се вршеле погубувања, а сега е туристичка атракција. Сè додека едно утро полицијата не најде човек обесен таму…

Клинецот закован во неговите гради докажува дека не се работи за самоубиство. Но, кога полицијата ќе влезе во станот на жртвата, наоѓа уште една загатка: таму е оставено едно четиригодишно дете. Се чини дека тоа нема никаква врска со жртвата. Од неговите родители нема ни трага ни глас, а цртежите што ги црта покажуваат дека било сведок на нешто ужасно.

Додека детективот Хулдар се обидува да го најде убиецот, а детската психологинка Фреја ги бара родителите на момчето, мистеријата добива мал зрак светлина.

yrsa-sigurdardottir

Ирса Сигурдардотир

Ирса Сигурдардотир (родена 1963) е исландска писателка. Започнала со пишување во 1998 година и пишува криминалистички романи и книги за деца. Ирса завршила средно образование во 1983 година, а потоа...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил