Серотонин

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-6285

Година на издавање: 2019

Димензии: 145/205

На залиха
As low as 450  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

„Моите верувања се лимитирани ама жестоки. Верувам во можноста за ограничено царство. Верувам во љубовта“ напиша неодамна Мишел Уелбек.

Нараторот на Серотонин безрезервно би се согласил со тоа. Приказната што ни ја раскажува нè води низ една Франција што ги гази своите традиции, ги банализира своите градови, ги уништува своите села што се на работ на бунт. Тој ни го раскажува својот живот на инженер агроном, ни раскажува за своето пријателство со еден аристократ земјоделец (незаборавен лик – негов сосем спротивен двојник), за неисполнетите идеали од нивната младост, за надежта, можеби безумна, дека повторно ќе најде една жена што ја загубил... Овој роман за суровоста на светот во кој нема добрина, нема солидарност, каде што мутациите веќе никој не може да ги контролира, е исто така и роман за каењето и жалењето.

Серотонин е огромно огледало поставено пред нашиот свет: она што го гледаме во одразот е застрашувачко.“ Ле соар

michel-houellebecq

Мишел Уелбек

Славен, оспоруван, фален и наградуван, Мишел Уелбек е француски писател роден во 1958 г., на островот Реунион како Мишел Томас. Син е на ски-инструктор и лекарка, кои за својот син, според зборовите...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил