Среќа е да пијам чај со тебе

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082309170

Димензии: 21cm

Корица: softcover

На залиха
As low as 450  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Атикус Крафтсмен, млад британски џентлмен кој работи во семејната издавачка куќа и голем љубител на чајот ерл греј, е задолжен да отпатува во Мадрид за да го згасне тамошното непрофитабилно списание. Неговата редакција ја сочинуваат пет многу сложни жени, кои се подготвени на сѐ само за да не останат без работните места. Кога Атикус необјасниво ќе исчезне во темната внатрешност на Шпанија, сомнението паѓа токму врз нив.

Инспекторот Манчего ќе биде задолжен да ги расплете нишките на настаните во кои романтичната комедија се меша со најтрогателна драма, а трилерскиот заплет завршува со врвно книжевно откритие на сите времиња. Тешкото станува лесно, судбините на хероите се испреплетуваат на најнеобични начини, а неволите потонуваат во море од солзи... но солзи од смеа и восхит. И сето тоа за да сфатиме дека љубовта објаснува сѐ. Предупредување: овој роман може да изврши длабоко влијание врз вашиот песимистички поглед на реалноста!

„Духовито, романтично и апсолутно шармантно.“

Џурни оф а букселер (Journey of a Bookseller)

„Израдувајте се со овој забавен, романтичен роман кој ќе ви ја врати насмевката на лицето.“

planetadelibros.com

„Книга што ќе ве потсети дека љубовта сѐ уште постои.“

somoslibros.net

mamen-sanchez

Мамен Санчес

Целото име на авторката Мамен Санчес е Марија дел Кармен Санчес Перес (1971). Таа е шпанска писателка, новинарка и заменик-директор на шпанското издание на списанието „Хело“, кое е во сопственост на...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил