Тишина

Издавач: ПАБЛИШЕР

ISBN: 786085021048

Број на страници: 152

Димензии: 20cm

Корица: softcover

На залиха
As low as 250  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Колку зборови се сместени во молкот, а колку чувства содржи тишината?

Животот со својата непредвидливост во еден ден им ги менува животите на Севда и Бојан. Спокојството на нивниот заеднички живот прекуноќ станува тегоба, ѕидовите на топлиот дом стануваат сè постудени, а љубовта тоне во неподнослива тишина обремената со траума и тага која постепено води до отуѓување.

Наскоро секојдневјето им се претвора во празно изминување на деновите. Како да се продолжи понатаму кога сè изгледа безнадежно? Тој излезот го наоѓа во работата. Таа заминува за Париз – патување кое претставува едно интимно преиспитување на сопствените одлуки и обид да ги најде одговорите на прашањата што деноноќно ја демнат.

Приказна за препреките што ни ги поставува животот тестирајќи ја издржливоста на срцето, за мајчинството и татковството, за комплексните меѓучовечки односи. Роман кој трага по одговор на прашањето за љубовта – може ли таа да биде феникс и да се издигне уште посилна од пепелосаните соништа за заедничка среќа?

jelena-nikodinoska-chapovska

Jелена Никодиноска Чаповска

Jелена Никодиноска Чаповска е родена во 1989 година, во Скопје. Високото образование го стекнува на факултетот Париз III Нова Сорбона. Потоа својот амбициозен пат го продолжува на Тексашкиот универз...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил