Записи од подземјето

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082308234

Година на издавање: 2022

Корица: softcover

На залиха
As low as 250  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Два по два ќе биде четири и без мојата волја.Тоа ли е слободна волја?

Најреволуционерната книга на Достоевски, еден од првите егзистенцијалистички романи во историјата на светската литература. Четиво што го означува преминот на книжевноста од XIX во XX век, приказна за визиите на поединците што ги уништува општеството.

„Записи од подземјето“ ни ги нуди белешките на еден гневен, изолиран човек, поранешен чиновник кој се повлекува од светот во своето мрачно и тесно живеалиште. Во него содејствуваат два спротивставени комплекса – инфериорност и супериорност. Зашто иако е социјално отфрлен и сиромашен, во духовен и интелектуален поглед тој стои над другите. Проникнати со сурова искреност и горчлив презир, неговите записи се бунтовен напад на социјалниот утопизам и потврда на ирационалната човекова природа.

Блескаво решение на проблемот на постоењето, филозофска книга за животот каква што само Достоевски може да создаде. Едно од неговите најдлабоки дела.

fyodor-mikhailovich-dostoevsky

Фјодор Михајлович Достоевски

Фјодор Михајлович Достоевски (1821 – 1881) е еден од најзначајните автори во руската и светската книжевност, втемелувач на психолошкиот роман, зачетник на егзистенцијализмот. Психолошкото проникнува...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил