Будалеста слатка љубов

Издавач: САКАМ КНИГИ

ISBN: 9786082600062

Година на издавање: 2018

На залиха
As low as 390  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Слободоумната Клои живее за кршење срца и прекршување на правилата. Таа сака да го живее животот на раб на опасност. За разлика од нејзините сестри, Меди и Тара, кои наскоро треба да се мажат, Клои не е подготвена да се скраси и да води тивок, мирен живот во семејното хотелче на плажа. Но нејзината љубов за проблеми – и нејзиниот проблем со љубовта – го привлекуваат вниманието на еден многу строг, многу секси шериф, кој многу би сакал да ја скроти оваа дива девојка.

Па Клои веќе не може да прави бељи затоа што згодниот шериф постојано ѝ е зад петици. А неговата таинствена насмевка на моменти ја тера да посака да почне да го моли да ѝ стави лисици. За првпат во животот, наместо да бега од законот, Клои мечтае да му се предаде. Може ли оваа бунтовничка да најде начин за примирје со сериозниот и намќорест шериф? Дали нејзината нескротливост ќе дозволи да го најде безбедното прибежиште што го бара во малото гратче Среќно Крајбрежје?

dzhil-shelvis

Џил Шелвис

Џил Шелвис е една од авторките со најпродавани романси во светот според Њујорк Тајмс. Таа е автор на повеќе серијали, од кои најпопуларен е серијалот Среќно Крајбрежје. ...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил