Будење на свеста

Издавач: ПАБЛИШЕР

ISBN: 978-608-456-9893

Година на издавање: 2019

Број на страници: 205

Димензии: 140/210

Корица: мека

На залиха
За само 250  ден.  -101  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Вистинскиот извор на страдањето во светот се стравот болката и незнаењето. Ова се случува кога не сме во допир со универзумот кога не сме во хармонија и баланс. Сè додека ја проектираме моќта надвор од себе и не сме во можност да ја препознаеме внатрешната моќ која вистински нè исцелува тогаш и го поддржуваме сето страдање кое му се случува на светот.

Потребно е да ја поттикнеме личната и духовна преобразба, да се ослободиме од товарот што го носиме во себе, да станеме свесни за своите програми и да работиме на нивно освестување, да се ослободиме од нив и да отвориме простор во срцето за љубов која целосно ќе нè исцели. Тоа нема секогаш да биде пријатно и лесно, но колку повеќе се исцелуваме толку и креативниот канал ќе ни биде почист и посјаен и ќе уживаме во неограниченото изобилие на универзумот. А како што ние ќе се исцелуваме, ќе се исцелува и целото човештво.

Ве повикуваме заедно да ја разработиме оваа идеја на Будење на свеста. Посакуваме секој да погледне во себе, да го пронајде својот копнеж, свесно да косоздава реалност каква што посакува и да биде љубов. Нашата желба за вас е со радост да ја прегрнете новата промена која е веќе присутна насекаде околу нас и да завладеат хармонија и љубов на нашата планета.

 

 

katerinairadovan

Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ

Катерина Ангеловска е тренер за личен и духовен развој, автор и говорник. Нејзиниот авантуристички и позитивен дух во психологијата и филозофијата резултира со звањето сертифициран тренер за принципите...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил