Алхемичарот

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786084577034

Година на издавање: 2009

Број на страници: 178

Димензии: 125x195

Корица: softcover

На залиха
As low as 199  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Алхемичарот е повест за едно долго и макотрпно трагање по сопствената среќа. Младиот андалудиски овчар Санитијаго тргнува во потрага по закопаното благо во египетските пирамиди. Воден од еден алхемичар низ пустината тој ќе научи да го слуша своето срце да ги чита знаците на судбината и што е најважно да го следи до крај својот сон.

Посветена на детето што секој човек го носи во себе, Алхемичарот е чудесна филозофска приказна што не учи дека животот е една голема книга во која секој би можел да ги дешифрира знаците, доколку го „чита“ своето срце.

"Алхемичарот е своевидна филозофска сказна што критичарите ја споредуваат со Малиот принц на Сент Егзипери, затоа што преголемиот животен оптимизам и сонот авторот во ова дело ги толкува не како бегство, туку како начин за осознавање на реалноста. Американското друштво на книжарите во 1994 година го прогласи Алхемичарот за најдобра книга за млади. Алхемичарот претставува и тема на мјузиклот изведен во 1997 година во Јапонија, што како инспирација го користи композиторот Валтер Талеб за истоимената симфонија, пуштена во продажба во 1998 година, а филмската компанија Вернерс Брадрс ги има откупено правата за снимање филм."

paulo-coelho

Пауло Коелјо

Еден од највлијателните писатели на нашево време, Пауло Коелјо е автор на многубројни меѓународни бестселери, вклучувајќи ги „Алхемичарот“, „Алеф“, „Единаесет минути“ и „Ракописот од Акра“. Преведен...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил