Посакувам да си тука

Издавач: Издавачки центар ТРИ

Година на издавање: 2012

Димензии: 125X195

Нема на залиха

Краток опис

Животот на Даниел, успешен архитект, е исполнет со низа успеси пред да го прослави својот триесетти роденден, кога неговата свршеница ненадејно го напушта и кога темелите на неговиот совршен свет одеднаш се разнишуваат. Потонат во личниот бродолом, тој го слуша цедето што му го има подарено единствената пријателка што ќе ја задржи во текот на кариерата. Цедето е на пејачката Ева Винтер и насловната песна од албумот, „Посакувам да си тука“,чудно одекнува во него. На негово изненадување, песните како да ја раскажуваат неговата лична биографија. Во една од нив, „Цвеќе во магла“, главниот лик е млад архитект кој, откако ќе претрпи љубовна траума, ја напушта земјата во потрага по една мистериозна жена, која на крајот излегува дека е истата пејачка. Инспириран од тоа, Даниел донесува необична одлука: без да најави никому заминува во Париз, каде што живее и работи Ева Винтер, личноста со која се чини дека споделува многу заеднички работи. Додека го открива својот вистински идентитет – и патем љубовта на неговиот живот – на површината ќе исплива една огромна премолчувана тајна која ќе измени сè...

francesc-miralles

Франсеск Миралјес

Франсеск Миралјес е роден во 1968 година во Барселона. Музичар е и писател. Откако завршил германистика, уредувал низа книги со духовна и психолошка тематика. Пишува книги за млади, патописи и стати...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил