1Q84 (Книга Втора)

Издавач: Издавачки центар ТРИ

Година на издавање: 2012

Димензии: 140X205

Нема на залиха

Краток опис

„Ако во светот нема љубов сè е илузија и имитација“.Во вториот том Аомаме и Тенго со невообичаено испреплетените околности ги потврдуваат своите сомневања дека се наоѓаат во друго време - во годината 1Q84 - од кое не можат да се вратат назад во 1984 година и во своето реално време. Нивната љубов иако создадена само со еден стисок на рака во детството е единственото вистинско и реално во романот. Таа е двигател на сите збиднувања и јакне наспроти нивната раздвоеност а тие сè повеќе и повеќе се приближуваат еден кон друг.

Во ова продолжение, Мураками продлабочено се занимава со философски теми, со односот помеѓу доброто и злото, вината и казната и, пред сè, со смислата на животот, стравот од смртта, жртвувањето, но и со семејните врски и, неизбежно, со љубовта.Познат во Јапонија (заради тоа честопати критикуван) како писател што внесува премногу западна традиција во своите романи, Мураками оваа приказна за универзалните теми заеднички за целиот свет, ја бојосува повеќе од кога и да е порано со источната философија и со јапонскиот начин на живеење, особено со кујната, чии состојки нè замелушуваат на секоја страница.Продолжува во третиот дел...

haruki-murakami

Харуки Мураками

Харуки Мураками, еден од најпознатите современи јапонски и светски писатели, е роден  во 1949 година, во Кјото (Јапонија). Добитник е на повеќе престижни книжевни награди, меѓу кои се и наградата „Ф...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил