Амстердам

Издавач: Издавачки центар ТРИ

Година на издавање: 2011

Димензии: 125x195

Нема на залиха

Краток опис

Еден студен февруарски ден голем број пријатели и исто толку љубовници се собираат да ѝ оддадат почит на Моли Лејн. И Клајв Линли и Вернон Халидеј некогаш ѝ биле љубовници на Моли пред да се изборат за своите сегашни угледни положби - првиот е еден од најуспешните британски современи композитори а вториот е главен уредник на дневниот весник Џаџ. Но случајот на Моли ги тера и двајцата да размислат за сопствената смрт и да си дадат необично ветување – ако некој од нив подлегне на неизлечива болест другиот ќе мора да му пресуди. Во меѓувреме компромитирачките фотографии на најистакнатиот љубовник на Моли секретарот за надворешни работи Џулијан Гармони завршуваат во рацете на новинарите и додека кружат гласините тој се тетерави по работ на понижувањето.

Овој роман, своевидна морална сага, претставува кулминација на прозното дело на Мекјуан. А зошто токму Амстердам? Расплетот што се случува во овој град претставува највозбудлив пресврт во оваа приказна преполна со изненадувања.

За романот Амстердам Јан Мекјуан ја доби Букеровата награда.

ian-mcewan

Јан Мекјуан

ЈАН МЕКЈУАН е англиски писател и сценарист роден во 1948 година во Алдершот. Има објавено две збирки кратки раскази: Прва љубов, Последен обред и Помеѓу чаршафите и десет романи: Бетонска градина, У...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил