Девојката со портокали

Издавач: Издавачки центар ТРИ

Година на издавање: 2010

Димензии: 125x195

Нема на залиха

Краток опис

Роман за Георг петнаесетгодишно момче чиј живот наполно се сменува откако добива писмо од татко си кој умрел кога момчето имало четири години. Возбудливото и забавно писмо за мистериозната девојка со портокали што го читаме заедно со Георг всушност е прекрасна и трогателна љубовна приказна. Преку прашањата што таткото му ги поставува на синот Гордер и во оваа книга се занимава со вечните прашања за настанокот на светот и на човекот за тајните на универзумот.

Девојката со портокали е своевидна ода на животот, приказна за потрагата по вистинска љубов и за храброста во животот да се избираат потешките патишта за постигнување на целите.

И во овој роман, како и во претходните, Гордер покажува дека е мајстор на оригинална композиција. Неговото знаење и неговата вештина за пишување ги инспирираат читателите ширум светот да размислуваат за себе и за светот околу нас.

jostein-gaarder

Јустејн Гордер

Јустејн Гордер, роден во Осло во 1952 г., е норвешки автор на неколку романи, кратки приказни и книги за деца. Поголемиот дел од кариерата бил професор по филозозфија. Гордер честопати пишува од дет...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил