Захир

Издавач: Издавачки центар ТРИ

Година на издавање: 2005

Димензии: 112X180

Нема на залиха

Краток опис

Еден ден познатиот писател дознава дека неговата сопруга воен известувач исчезнала без трага. Иако времето му донесува нови успеси и нови љубови нејзиното исчезнување се повеќе го збунува - и се повеќе го опседнува. Дали е киднапирана или станала жртва на уцена или едноставно здодеал нивниот брак? Немирот што го предизвикува таа е силен исто колку и привлечноста што ја зрачи.Потрагата по неа - и по вистината за неговиот сопствен живот - го води од Франција во Шпанија, во Хрватска и во прекрасните и пусти пејзажи на централна Азија. И повеќе од тоа - го одведува од сигурноста на неговиот свет на сосем неизвесен пат, на кој ќе побара нова смисла на природата на љубовта и на силата на судбината.Со својот нов роман Пауло Коелјо не само што покажува колку силна и маѓесна е неговата раскажувачка вештина туку и ни разоткрива чудесен увид во она што значи да бидеш човечко суштество во светот преполн со можности. Пресоздавајќи го стариот мотив од исламската традиција, мотивот захир, односно оној што е видлив, присутен и што не е можно човек да го превиди - а на кој Борхес своевремено му даде статус на книжевна јавност - Коелјо го пишува својот Захир: опсесијата со љубовта која ту му изгледа света ту луда.

paulo-coelho

Пауло Коелјо

Еден од највлијателните писатели на нашево време, Пауло Коелјо е автор на многубројни меѓународни бестселери, вклучувајќи ги „Алхемичарот“, „Алеф“, „Единаесет минути“ и „Ракописот од Акра“. Преведен...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил