Времето на ирвасите

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-225-5

Година на издавање: 2014

Димензии: 120/200

На залиха
За само 250  ден. Регуларна цена 500  ден.  -250  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Овој плавен и мамутски граден прозен лавиринт од настани психолошки модели на восприемање и на однесување кон светот од уверливи филозофски и ерудитивни наслаги во секој сегмент од епиката на собитијата се осмислува како дополнета потрага на Маџунковите досегашни прозни дела по изгубената друга земја на неговиот творечки космогониум... Со Маџунков во овој роман ние сме во одминатиот и во незбиднатиот свет во татковините кои нè бараат нас а не ние нив во сите солуции во кои личноста оживува од историјата од естетиката од стварноста или илузијата.
Бранко Цветкоски

Времето на ирвасите е свртница во македонската проза, како што впрочем беше и Кула на Ридот. Тоа е дело со кое се поставуваат европски стандарди на македонската проза. Дело кое користејќи ги постмодерните искуства, во исто време ги преиспитува. Дело кое се игра и со поимот „ангажирана литература“, затоа што го поставува прашањето за односот меѓу литературата и стварноста, едно од најважните прашања покрај она за бесмртноста/смртноста на човекот. Сето тоа во ирониски, односно пародиски клуч, во навидум „семејна“ приказна. А пародијата отсеко- гаш од старите форми произведувала нови. Со други зборови, ова дело е дело на обновата на македонската проза, отворање нов пат, пат кон пост-постмодернизмот, по кој по Маџунков тргнаа многумина помлади, но и повозрасни автори.
Венко Андоновски

 

mitko-madzhunkov

Митко Маџунков

Митко Маџунков (Струмица, 19.03.1943), раскажувач, романсиер, драмски автор, есеист. Гимназија има завршено во Струмица, а Филолошки факултет (светска книжевност со теорија на книжевноста) во Белгра...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил