Мајсторот и Маргарита

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9789989153846

Година на издавање: 2006

Број на страници: 425

Димензии: 140X205

Корица: softcover

На залиха
As low as 399  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Одбиван, премолчуван, забрануван и напаѓан. Тоа е историјата на овој роман.

 

Никогаш не разговарајте со непознати. Зашто така, ете така започнува хаосот. Хаосот кој го создава Воланд, Мефистофел, Ѓаволот лично. Но каков е овој ѓавол, чуден и гротескен? Од каде во сета приказна се појавуваат Понтиј Пилат и младиот Јешуа? А Мајсторот писател и неговата љубена Маргарита?

 

Низ меланжот од приказни проткаени со многу хумор и иронија, пародија и страв, подбив и (само)критика, на крајот се издигнува една нова приказна. Можеби не сосем вистинита, но приказна која е ново промислување на Вистината.

 

Користејќи го хуморот како најсилно оружје против системите кои се обидуваат да нè задушат, Булгаков ја исмева таа нехумана лакрдија, по цена на својот живот, а во име на слободата и правото на избор на сопствената (уметничка) вистина. Не постои историја, туку само истории. Различни приказни, погледи на минатото и историјата, нивно калкулирање и искористување. Еве одлична можност да се погледнат нештата од поинаков агол.

mikhail-bulgakov

Михаил Булгаков

За рускиот писател Михаил Афанасевич Булгаков не се зборуваше многу, сè до појавата на неговиот роман „Мајсторот и Маргарита“, во 1967 година. Роден во 1891, умрен во 1940 година, Булгаков во Русија...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил