Чудна средба

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-303-1

Година на издавање: 2015

Димензии: 120/200

На залиха
За само 140  ден. Регуларна цена 250  ден.  -110  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Речиси сите раскази на Митко Маџунков во книгата Чудна средба се на прилично високо книжевно ниво пишувани со бирана и негувана фраза и со јасен непретенциозен разбирлив стил. Без какви било непотребни украси изнасиленост извештаченост и псевдопоетски конструкции неговата реченица звучи зрело и испробано што не е ниту малку безначаен податок кога се зборува за првата книга на еден млад писател.
Предраг Палавестра

Прозата на Митко Маџунков целосно е надвор од оној тек во кој работат повеќето помлади белградски раскажувачи... Расказите во Чудна средба се чинат како тајни пораки од самиот вруток на едно маѓепсано, но и уметничко доживување.
Љубиша Јеремиќ

Расказите од Чудна средба почнуваат најчесто со многу детали, со уводни реченици чии средства на опишување, по својата исцрпност и прецизност, се дури блиски до една реалистичка школа. Но почетната опширност е само една стапица што ја готви оваа проза... По првите подолги описи во уводот, писателот почнува да брза, да ја скратува фабулата со низа скокови, да го намалува бројот на деталите на минимум. Текот на раскажувањето станува сè погуст и позбиен, секвенциите сè пократки; на крајот е последната ситуација – кратка и блескотна небаре осветлена од молња... Тоа е една фантастика што не сака да биде контролирана.
Влада Урошевиќ

 

mitko-madzhunkov

Митко Маџунков

Митко Маџунков (Струмица, 19.03.1943), раскажувач, романсиер, драмски автор, есеист. Гимназија има завршено во Струмица, а Филолошки факултет (светска книжевност со теорија на книжевноста) во Белгра...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил