Момчето молња

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-403-8

Година на издавање: 2015

Димензии: 140/205

На залиха
За само 230  ден. Регуларна цена 300  ден.  -70  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

– Кој си ти?
– Јас?! Мене ме прашувате
– Да тебе.
– Какво прашање! Па јас сум момчето Молња!
– Што бараш меѓу кориците на оваа книга?
– Овде сум за да ви раскажувам.
– Што ќе ни раскажуваш?
– За себе за... Е многу сте љубопитни!
– Кажи ни кажи ни!
– Прочитајте ја книгава и сè ќе дознаете.
– Да не е здодевна?
– Мислам дека не е. Но почнете и сами уверете се.

Има одвај десет години, духовит е, шармантен, чувствителен, прониклив, љубопитен, со бујна фантазија и со авантуристички дух. Таков е и неговиот роман – засмева, растажува, замислува. Забавнаи возбудлива е дружбата со него. Јунаците, местата и настаните се автентични, нема случајни сличности. Раскажувајќи ја својата вистинска приказна, момчето Молња извикува:

– Еј, мајки и татковци, баби и дедовци, внимание ,молам! И ние вас ве растеме додека пораснуваме. Сте забележале? Да? Не? Можеби? Проверете. Ако внимателно нè погледнете, и себе појасно ќе се видите. Така полесно ќе се разбираме.

Момчето Молња, роман за деца и за родители, од авторката на Каменот од Твојот ден (Рациново признание за 2005), Индиго Бомбај (Роман на годината на „Утрински весник“ за 2008), Дрско црвен кармин...

 

jagoda-mihajlovska-georgieva

Јагода Михајловска-Георгиева

Јагода Михајловска-Георгиева (3 март 1953 година) живее во родното Скопје и во Маврово (е-пошта jagoda.mige@gmail.com). Професионалниот век го има поминато како новинар, филмски критичар и есеист во...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил