Океан на крајот на патот

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-363-5

Година на издавање: 2015

Димензии: 140/210

На залиха
За само 240  ден.  -80  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Во руралните предели на Англија еден човек по многу години се враќа во својот дом од детството. Освен старите куќи и познатите патишта тој повторно ќе ги открие своите детски спомени и ќе се сети на неверојатната пријателка Лети Хемпсток која живее со нејзината мајка и баба. Меѓутоа потсетувајќи се на минатото тој набрзо сфаќа дека неговите детски авантури биле многу поопасни и почудни отколку што претпоставувал...

Океан на крајот од патот е врвно дело на мајсторот на фантастиката Нил Гејман, замислено како трогателна, страшна и елегична бајка за возрасни, која го води читателот во незаборавна авантура на границите меѓу реалноста и фантазијата. Иако читателот се среќава со многу фантастични и митолошки суштества, во романот на суптилен начин всушност се допираат темите на пријателството, детството, семејството, љубовта и жртвувањето во име на другите луѓе. Раскажана со многу топлина и хуманост, приказната на Гејман ги црпи своите теми од древните митологии и од книжевноста за да создаде лавиринт во кој читателот ужива сè до последната страница, соочувајќи се со вечната борба меѓу доброто и злото.

 

neil-gaiman

Нил Гејман

Нил Гејман (1960, Портчестер, Велика Британија) е еден од најпознатите и најценетите современи писатели во жанрот на фантастиката. Светска слава стекнува во деведесеттите години како автор на исклуч...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил