Каде исчезна, Бернадет?

Издавач: Издавачки центар ТРИ

Година на издавање: 2016

Димензии: 140/210

Нема на залиха

Краток опис

Запознајте ги сите лица на ноторната Бернадет Фокс! За нејзиниот маж и Мајкрософт-гуру таа е ексцентрична и своеглава; за архитектонските кругови е пионер на зелената архитектура; за останатите мајки чии деца учат во истото приватно училиште таа е дрска и асоцијална а за петнаесетгодишната Би е едноставно мама и нејзина најверна другарка.

Еден ден, Бернадет исчезнува. Сè почнува кога Би се враќа со највисоки оценки и ја бара ветената награда – семејно патување на Антарктикот. Но сè посилната алергија на Бернадет од Сиетл – и од луѓето воопшто – ја прави толку голем агорафоб што најмува виртуелна асистентка од Индија за најосновни секојдневни работи. Патувањето на крајот од светот ѝ задава дополнителни главоболки...

Во обид да ја најде мајка си – но и да ја разбере – Би собира имејлови, официјални извештаи, тајни преписки, доверливи документи од ФБИ, создавајќи заразно читлив и трагикомичен епистоларен роман за потиснатиот гениј и за силниот однос меѓу една мајка и една ќерка во овој апсурден свет.

„Нетрадиционален роман за еден извртен гениј и силната врска меѓу мајка и ќерка, но можеби премногу ќе се смеете за да забележите.“ Опра магазин

maria-semple

Марија Семпл

Марија Семпл е американска писателка и сценаристка. Родена е на 21 мај 1964 г., во Санта Моника, Калифорнија. Дипломирала во 1986 г. на колеџот Барнард во Њујорк. Кариерата ја почнала како сценарист...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил