Граница

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-532-5

Година на издавање: 2017

Димензии: 125/195

На залиха
As low as 300  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Оваа ведра книга во исто време во својата интимна текстура сведочи и за балканскиот трагизам. Авторот не ни зборува само како албански бегалец емигрант екс Југословен македонски државјанин туку сведочи и како балкански човек живеејќи и носејќи ги во себе судбините на толку многу поврзани мешани делени противставувани култури... Едгар Морен

Граница е шеснаесеттиот роман од Балканската сага на Луан Старова (Татковите книги, Времето на козите, Атеистички музеј, Пресадена земја, Балкански клуч, Патот на јагулите, Тврдина од пепел, Ервехе – книга за една мајка, Во потрага по Елен Лејбовиц, Љубовта на генералот, Амбасади, Нови амбасади, Балканвавилонци, Балкански жртвен јарец и Враќањето на козите). Француската книжевна критика овие романи ги вбројува во редот на големите европски романи.

Границата е релативно нова идеја на Балканот. Нараторот во неколку големи поглавја раскажува еден век граница преку доминантните ликови и нивните разгранувања во светот во текот на XX век: Дедото, Бабата, Таткото, Мајката и самиот раскажувач. Со својата нарација, како и со оригиналните фотографии, оваа книга е значајна книжевна творба за балканските граници, за нивната вплетеност во судбината на луѓето.

luan-starova

Луан Старова

Луан Старова во книжевноста се пројавува во својата дваесетта година. Пишува на македонски, албански и француски јазик. Во 1974 г. магистрирал и докторирал на Универзитетот во Загреб, а специјализир...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил