Добра земја

Издавач: Издавачки центар ТРИ

Година на издавање: 2017

Димензии: 135/200

Нема на залиха

Краток опис

Дејството на Добра земја најуспешниот роман на Перл Бак се случува во  рурална во најголем дел предреволуцио- нерна Кина и сите нејзини ликови се Кинези. Дотогаш британските и американските читатели гледале на Кинезите како на комични ликови или застрашувачки суштества од опиумските дувла; од нив никогаш не било побарано да се заинтересираат за неволите и страдањата на кинеските селани. И навистина еден британски издавач одбил да ја издаде книгата со образложение дека од читателите од англиското говорно подрачје не може да се очекува да читаат книги за Кина.

Набрзо по објавувањето, романот бил преведен на над 30 јазици, вклучувајќи седум дијалекти на кинескиот, а се појавиле и толку многу пиратски изданија што вкупниот број продадени примероци никогаш нема да се дознае.


„Јасно е дека романот Добра земја мора да биде за­паметен и почитуван како голем роман на светската депре­си­ја“, напишал Карл ван Дорен, убедливо најпочитуваниот литературен критичар на своето време. „Тоа е универзална при­казна раскажана со музиката на еден животен стил што ја прави универзално дело.“

Во 1932 година Перл Бак за  овој роман ја доби Пулицеровата награда за белетристика.

 

pearl-s-buck

Перл Бак

Перл Бак (1892, Хилсборо, Западна Вирџинија–1973, Денби, Вермонт) е позната американска писателка, преведувачка, учителка и активистка. Детството го поминала во Кина, каде што нејзините родители, ми...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил