Припитомување на кучката

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-603-2

Година на издавање: 2018

Димензии: 125/195

На залиха
За само 199  ден.  -90  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Раскази за лудилото? Зар може да се каже нешто ново за лудилото по Едгар Алан По Е. Т. А. Хофман Лотреамон по лудилото на Хамлет или лудилото на Дон Кихот?

Венко Андоновски, во циклусите раскази „Фрески“ и „Иконки“, ни ги покажува познатите, благородни форми на лудилото: лудилото на љубовта и лудилото на генијалноста. Тие се форми на класичното лудило на недостигот, кои покажуваат дека недостигот, кој обично се замислува како „празнотија во душата“, всушност е најбогатото чувство на човекот: недостигот е максимална исполнетост на битието со копнеж. Хамлет копнееше по вистината и одмаздата, Дон Кихот по еден нов херојски свет...

Но во циклусот „Карикатури и гротески“, ликовите полудуваат во мигот кога го губат недостигот, што значи го губат и копнежот, кој го заменуваат со потреба од копнеж. Тоа е лудило на празното полно, наместо класичното лудило, она на полното (со копнеж) празно. 

Припотомување на кучката е уште едно врвно дело кое го потврдува прозното мајсторство на Венко Андоновски, еден од најдобрите современи македонски раскажувачи.

venko-andonovski

Венко Андоновски

Венкo Андоновски (1964, Куманово) е прозаист, драматург, критичар. Професор по книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Еден од најчитаните македонски автори во последнава деценија. Романот Пап...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил