Драми

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-6315

Година на издавање: 2019

На залиха
За само 200  ден.  -50  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

„Драми 1“ е збирка од седум познати драмски текстови на популарниот  француски автор Флоријан Зелер, кој во последните години прерарсна во еден од најценетите драмски писатели во Европа. Тој за своите дела доби неколку награди „Молиер“, а весникот Тајмс го прогласи за „најинтересниот драмски писател на нашето време“.

Тргнувајќи најчесто од типични семејни теми и реалистични ситуации, авторот гради драматичен конфликт вметнувајќи елементи на парадокс и апсурд во контекстот на секојдневниот живот и на тој начин создава посебна мистерија од најобичните ситуации. Зелер е исклучителен и по создавањето оригинални драмски ликови кои се веќе препознатлива карактеристика на современата европска драма.

Драмите на Флоријан Зелер успешно се изведуваат низ многу театри во светот. Неговата црна комедија Таткото, која е на репертоарот на лондонскиот театар „Вест Енд“ се смета за „најбараната нова драма во последната деценија“ и има добиено неколку награди во Париз, Лондон и Њујорк.

florian-zeller

Флоријан Зелер

Флоријан Зелер (роден на 28 јуни 1979 година) е француски романсиер и драматург. Неговите дела се преведени на многу јазици. Добитник е на престижната француска награда за литература „Интералие“ во 200...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил