Се гледаме во Опсан

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-684-1

Година на издавање: 2020

Број на страници: 175

Димензии: 140/210

Корица: softcover

На залиха
As low as 199  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Конечно крај на школската година, конечно распуст! Аника радосно почнува да се пакува кога се случува нешто страшно! Нешто што ќе ѝ ги расипе сите планови за мечтаениот одмор во викендичката, за капењето, за долгите, безгрижни летни денови...

Но неочекуваниот настан во семејството ќе ѝ донесе нови пријатели, со кои секојдневно ќе се среќава кај Опсерваторијата во големиот парк, т. е. во Опсан. Бунтовната Каја, плашливата Ингрид-Кекс, Тобе кој избегал од спортскиот камп зашто не го сака фудбалот, „ѓаволскиот“ Финен, Ловет кој е премногу мал за да останува по цели денови во паркот. Сите имаат различни причини да не бидат дома. Времето го минуваат главно играјќи ја играта Вистина или предизвик, преку која постепено се запознаваат. Но повеќе ги сакаат предизвиците, оти како што вели Каја: „Никој не се грижи за вистината“.

Низ играта се соочуваат со многу предизвици кои бараат од нив да направат храбри, па дури и незамисливи работи и да им погледнат во очи на своите стравови, а на крај и да ја кажат вистината за себе – и пред себеси и пред другите.

silajakert

Сила Јакерт

Современата шведска писателка Сила Јакерт (Cilla Jackert) е родена во 1968 година, во Стокхолм. Пораснала во Скондал, како што самата вели, „во дремлива област на средната класа“, надвор од Стокхолм...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил