Поликсена и прасето

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 3589-565659-77878-5

Година на издавање: 2020

На залиха
За само 250  ден. Регуларна цена 350  ден.  -100  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Градејќи ја куќата од приказни за децата, секој прозорец го отвараме кон различните светови на главните јунаци. Овој пат една од нив е магичната приказна за Поликсена и нејзиното прасе.

Поликсена е многу весело девојче со богата фантазија, вљубена во приказни за замоци и принцези. Бестрашна и пргава, таа е вистински пример за постара сестра. Родена во богато и среќно семејство, често си замислува дека не е вистинка ќерка на своите родители, туку дека е загубена ќерка на некој крал..

Еден ден случајно ќе ја открие страшната вистина - дека е посвоена ќерка! Потресена, таа бега од дома и оттука почнуваат нејзините авантури. Патувачкиот циркус е нејзиното ново патувачко место под сонцето, а сите нови средби, недоразбирања и отплеткувања на мистеријата водат до одгатнување на големото прашање - Чија ќерка е Поликсена?

Крајот на приказната е навистина неочекуван и возбудлив. Четиво и за големи и за мали деца!

biancapitzorno

Бјанка Потцорно

Бјанка Пицорно e една од најзначајните современи италијански писатели за деца и млади, драматург, сценарист, илустратор и преведувач. Родена е на 12 август 1942 година, во градот Сасари, на островот...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил