Што кажува секое тело

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082307053

Година на издавање: 2020

На залиха
As low as 400  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Тој вели дека тоа е неговата најдобра понуда. Но дали е така? Tаа вели дека се согласува. Дали навистина се согласува? Интервјуто помина одлично – или сепак не? Прочитајте ја оваа книга и развијте ја својата невербална интелигенција. Џо Наваро, поранешен агент на ФБИ и стручњак за невербална комуникација, објаснува како брзо и ефикасно да ги „прочитате“ луѓето: да им ги одгатнете чувствата и мислите, да препознаете кога ве лажат и да ги избегнете скриените замки. Ќе дознаете и како говорот на вашето тело влијае врз мислењето што надредените, семејството, пријателите и другите го имаат за вас. Ќе откриете: - кои се древните инстинкти за преживување што го поттикнуваат говорот на телото; - зошто од лицето најтешко се читаат вистинските чувства на личноста; - што ни откриваат гестовите со палците, стапалата и очните капаци; - кои се најмоќните гестови што ја откриваат нашата самодоверба; - како можеме да поттикнеме доверба или авторитет. Џо Наваро, наречен „ловец на шпиони“ и „човечки детектор за лаги“, ни открива многу примери од своето професионално искуство покажувајќи ни како да ги разбираме мислите и намерите на луѓето, да ги откриваме и дешифрираме нивните невербални реакции за да можеме поуспешно да комуницираме со нив. За работа или за задоволство, Што кажува секое тело нуди моќно знаење што го збогатува и унапредува животот.

joe-navarro

Џо Наваро

ЏО НАВАРО (26 мај 1953) е специјалист за невербална комуникација, автор и јавен говорник. Дваесет и пет години работел како специјален агент на ФБИ за контраразузнавање и супервизор специјализиран за н...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил