Ајде да ти раскажам

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082300528

Година на издавање: 2012

На залиха
За само 199  ден. Регуларна цена 280  ден.  -81  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Што треба да направиме за да бидеме среќни?

Според Хорхе Букај, за да тргнеме по вистинскиот пат треба да си одговориме на следните прашања: Кој сум? Каде одам? Со кого? Не треба патот да нè определува кои сме, ниту пак човекот кој нè придружува да одлучува каде одиме. По патот треба истовремено да се забавуваме и да научиме да го цениме она што го имаме, и ако е потребно да почнеме од почеток, да го направиме тоа без да престанеме да веруваме во себеси. 

Тоа се лекциите што психотерапевтот Хорхе се обидува да му ги пренесе на студентот Демијан, дојден кај него да најде решение за своите животни дилеми. Тој добива одговори во облик на случки кои Дебелиот (тоа е прекарот на необичниот терапевт) ги црпи како од животот, така и од античките митови, од зен-мудростите, од народните и од суфи- приказните и од автори како Егзипери и Лафонтен. 

Тие случки ќе ве трогнат, ќе ве насмеат или едноставно ќе ве натераат да се замислите, но едно е сигурно: нема да ве остават рамнодушни.

jorge-bucay

Хорхе Букај

Психотерапевтот и писател Хорхе Букај е роден во 1949 г. во Буенос Аирес. Живее во Аргентина, Шпанија и Мексико. Познат е како предводник на групни терапии, а ширум светот се прославил како успешен ...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил