Како да се разговара со непознати

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082307206

Година на издавање: 2020

Нема на залиха

Краток опис

Бестселер на Њујорк тајмс, книга на годината на Фајненшл тајмс, Блумберг, Чикаго трибј

Како еден кубански шпион поминал над 25 години во Пентагон без да биде откриен? Зошто британскиот премиер Чејмберлен сметал дека може да му верува на Хитлер? Како рутинското застанување во сообраќајот може да се претвори во трагедија? И зошто е толку тешко да се открие лага, да се прочита изразот на нечие лице или да се проценат туѓите мотиви?...Затоа што честопати погрешно ги разбираме луѓето што не ги познаваме.

Преку низа анегдоти од областа на историјата, психологијата и законот, Гледвел нѐ поведува во интелектуална авантура низ потемната страна на човечката природа, каде што непознатите луѓе и нивните постапки ни се голема мистерија, а погрешното расудување за нив доведува до катастрофални последици. Фасцинантна книга што нè поттикнува да ги преиспитаме своите начини за справување со непознатото.

Книга од која можеме да научиме како да разговараме со непознатите за да ги избегнеме недоразбирањата и конфликтите кои честопати можат да бидат и фатални

malcolm-gladwell

Малколм Гладвел

Малколм Гладвел (3.09.1963) е автор на пет бестселери на Њујорк тајмс: Пресвртна точка, Проблесок, Натпросечни, Што виде кучето и Давид и Голијат. Тој е водител на подкастот Ревизионистичка историја...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил