Приказна за оние што заминуваат и за оние што остануваат

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082307268

Година на издавање: 2020

На залиха
За само 450  ден. Регуларна цена 600  ден.  -150  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Елена и Лила, двете нераздвојни девојчиња од првиот и од вториот роман од сагата, се разделуваат на возраст на триесетина година, кога едната заминува во Фиренца, а другата останува во Неапол. Иако изборот на двете млади жени е сосем различен, тие остануваат постојано во близок контакт, во еден амбивалентен однос создаден од љубов и омраза. И повторно околностите ќе ги зближуваат и оддалечувааат во текот на бурните 70-ти години од минатиот век.

Приказна за оние што заминуваат и за оние што остануваат има историска и интимна димензија која се одвива во текот на десет години пресудни за Италија, земја во трансформација која чекори кон модерност. Тоа е период на идеолошки превирања во италијанското општество – свет на револуционери, реакционери, студенти, камористи, комунисти, неофашисти, црква, синдикат, гнил владејачки естаблишмент, но и свет кој отвора сосема нови можности и за Елена и Лила.

Ова е секако книга која не може да се заобиколи. Секој што ја цени моќта на пишаниот збор уште веднаш, по првите страници, ќе се увери дека не се испушта од рака додека не се прочита до крај.

elena-ferrante

Елена Феранте

Елена Феранте е италијанска писателка што пишува под псевдоним и чиј вистински идентитет не е познат во јавноста. Живее во Неапол. Се смета за највлијателна во својата генерација. Авторка е на десет...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил