Големата црвена книга 2

Издавач: ПАБЛИШЕР

ISBN: 9786084892328

Година на издавање: 2020

На залиха
As low as 350  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Џелалудин Руми, големиот пророк и трагач по внатрешниот мир и совршенство, е автор на возвишени стихови кои ги опеваат занесот и таинствата на сите видови љубов – еротска, божествена, пријателска – а во Големата црвена книга се собрани најдобрите од нив. Маестрално лирски и длабоко експресивни, тука се поместени стихови за божественото откровение, духовното будење, пријателството и љубовта. Стихови кои достигнуваат нови длабочини и ни откриваат несетени димензии. Зашто добрата поезија не познава граници и временски ограничувања.

Овие страници се полни со гроздови зрела духовна и контемплативна поезија, кои нудат допир со божественоста откривајќи ја патеката на љубовта посеана со страст, копнеж и постигнување единство со возљубеното. Стихови кои ги отвораат срцето и душата за сеопшта љубов која нè поврзува со сите луѓе и со сè што постои.

Оваа раскошна и тешко достижна поезија, актуелна и цели осум века по нејзиното создавање, се смета за едно од најголемите богатства на персиската и светската литература. Ремек-дело што ги слави мистичната љубов, пријателството и животот.

jalal-ad-din-rumi

Џелалудин Руми

Мевљана Џалалудин (Џалал ад-Дин) Мухамед Руми, наречен и Џелаледин Мевљана Руми (30 септември 1207 – 17 декември 1273) —персиски поет, правник и теолог. Руми значи „Римјанин“, бидејќи умрел во Анадолиј...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил