Половината што ми недостига

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082307671

Година на издавање: 2021

Димензии: 125/195

Корица: softcover

На залиха
As low as 500  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Од град можеш да избегаш, но од крвта не се бега.

Близначките Винс мислат дека можат да избегаат и од едното и од другото. Стела и Дезире растат во малото гратче Малард. Во детството неразделни, откако ќе избегаат во големиот град нивните животи тргнуваат во поинакви насоки, со различни семејства, заедници и ставови за расниот идентитет. Стануваат два различни света.

По многу години, едната сестра се враќа со својата црна ќерка во родниот град, а другата половина, Стела, влегува во светот во кој не припаѓа – нејзиниот бел маж не знае ништо за нејзиното минато. Но дури и одвоени со километри и со многу лаги, судбините на близначките остануваат испреплетени. Што ќе се случи со следната генерација кога ќе се вкрстат приказните на нивните ќерки?

Зафаќајќи ги темите за двојните стандарди во идентитетските и национални разлики, од Длабокиот Југ до Калифорнија од 1950 до 1990 година, Брит Бенет создава емотивна приказна за семејството и за американската историја.

Половината што ми недостига е роман на годината, речовит нов влез во книжевноста преку најсуштествените теми за идентитетот.“ Тајм

brit-bennett

Брит Бенет

Брит Бенет (1989) е американска авторка која стекна светска слава со својот роман „Половината што ми недостига“. Родена е во Јужна Калифорнија, каде што и се школувала. Дипломирала на Универзитетот ...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил