Телото памети

Нема на залиха

Краток опис

За да се случи вистинска промена, телото треба да запамети дека опасноста поминала и да живее во сегашната реалност.

Траумата е дел од животот. Човек не мора да биде војник на бојно поле за да се соочи со траума. Многумина од нас или од луѓето што ги познаваме се справуваат со болните последици од своето минато. Голем број возрасни со децении се борат со траумите од емоционалното или физичко насилство што го претрпеле во детството.

Истакнатиот светски експерт за траума Бесел ван дер Колк веќе пет децении им помага на овие несреќни луѓе. Користејќи ги последните научни истражувања, во „Телото памети“ ни покажува како траумата ги преобликува телото и мозокот, намалувајќи ни ја способноста за самоконтрола, доверба и исполнет живот.

Истражувајќи иновативни начини за лекување – од неврофидбек и медитација до спорт, драма и јога – тој нуди нови патишта за ослободување од траумата. Заснована врз сопствените истражувања на Колк и најновите резултати од водечки специјалисти во областа, оваа книга ја открива огромната моќ на односите, и оние кои повредуваат и оние кои лекуваат, и нуди нова надеж за враќање на среќата во животот.

„Исклучителна книга која ќе биде класика на модерната психијатриска мисла. Задолжителна за секој што сака да го разбере и излечи трауматскиот стрес и опсегот на неговото влијание врз општеството.“

Александер Мекфарлејн, директор на Центарот за студии по трауматски стрес на Универзитетот во Аделаида

--unknown--

-- непознат автор --

Непознат автор...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил