Пронајди го натрапникот (квиз)

Издавач: Едука Мак

ISBN: 9786084737841

Корица: softcover

Нема на залиха

Краток опис

Квизот содржи 48 илустрирани задачи, „магичен прозорец“ за отчитување на точниот одговор и ливчиња за бележење на резултатите.

Задачите прикажани на сликите се наменети за деца на возраст од 4 до 7 години. Илустрирани се доволно сугестивно на општо поставената задача ПРОНАЈДИ ГО НАТРАПНИКОТ, што е воедно и насловот на квизот. НАТРАПНИК – објект што според некој критериум не припаѓа на групата како останатите пет на картичката (на пример: не е овошје, не е зеленчук, не е домашно животно, не е птица, не е цврста храна, не е зимска облека, не е со иста форма, не е со иста боја ...). Решенијата се единствени.

Со поставување на „магичниот прозорец“ над црвеното поле, може да се провери точниот одговор на интересен и нестандарден начин. Под точниот одговор се крие знакот „смајли“. Овој квиз може да се користи повеќе пати и со повеќе играчи.

Квизот може да го игра поединец или група, при што секому може да му се бележат резултатите и на крајот да се прогласи победник со најмногу точни одговори.

--unknown--

-- непознат автор --

Непознат автор...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил