Рубаии

Издавач: ИЛИ-ИЛИ

ISBN: 9786084770268

Број на страници: 120

Димензии: 15cm

Корица: softcover

На залиха
As low as 150  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Рубаија е оригинална персиска поетска форма која за прв пат се појавува некаде околу десеттиот век. Таа е песна составена од четри реда, од кои првиот, вториот и последниот се римуваат, додека третиот ред најчесто не се римува. Во една рубаија се искажува една мисловна целина и тие не се врзани една за друга тематски, туку секоја е засебна. Рубаиите се често плод на моментално созерцание кое поетот го искажува збиено во една строфа, поради што тие често се споредувани со јапонските хаику песни. Рубаиите на Хајјам, како впрочем и голем дел на рубаии од останатите поети, настанале спонтано, на интимни средби со пријателите и саканите луѓе. Поетот во жарот на интелектуалната дебата добива инспирација и искажува рубаија, која некој од присутните ја запишува и дискусијата продолжува понатаму. Или пак, во посебни услови на излет во природа, поетот ја искажува песната како обликување на своето интимно естетско доживување. Поради таа своја енигматична природа, рубаиите биле омилена поетска форма, посебно кај суфиите, 11 кои често својата мистична визија ја искажувале во облик на рубаии, а исто така и кај филозофите кои посебно ја ценеле рубаијата како реторичко средство во своите дебати

--unknown--

-- непознат автор --

Непознат автор...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил